Скандалозна изјава на кошаркар: Тој доби договор од 50 милиони само затоа што е белец

627

Некогашниот НБА кошаркар Рашад Мек Кантс (38) брутално го навреди кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Остин Ривс. Мек Кантс кој четири сезони играл во НБА лигата смета дека Ривс не заслужува договор од 50 милиони долари за четири години и дека го добил само затоа што е белец во очајната екипа на Лејкерс.

Му дадовте 50 милиони затоа што е белец и затоа што игра за Лејкерс кои се ѓубре екипа. Лејкерси да не беа ѓубре тој немаше ни да игра таму“, изјави Мек Кантс кој истакна дека максимум што би му дал на Ривс е седум милиони долари за две години.

Ривс во последно време игра добро во ЛА Лејкерс, а овој месец е на просек од 17 поени по меч.

А Мек Кантс е поранешен кошаркар на универзитетот Северна Каролина, а во 2005 година бил избран како 14. Пик на драфтот но кариерата во НБА му траела кратко, до 2009 година. Играл за Минесота Тимбервулвс и Сакраменто Кингс, а по НБА настапувал во Венецуела, Порторико, Доминикана, Кина, Филипини…

 

ПретходноИОК препорача враќање на руските и белоруските спортисти на светските натпревари!
СледноБејл имаше емотивно збогување со велшките фанови (ВИДЕО)