Конте ќе добие многу помала отштета од Мурињо, Тотенхем потрошил убави пари на екс-тренерите!

461

Тотенхем со Антонио Конте ја продолжи практиката на отпуштање менаџери кои се под договор. Италијанскиот стручњак е единаесетти што си замина откако клубот од 2011 година е во сопственост на ЕНИК и под претседателство на Даниел Леви. Исто така, тој е шести во последните десет години што си заминува пред крајот на договорената соработка.

Добро е познато дека Тотенхем на Конте ќе му плати околу 4 милиони фунти (околу 4,5 милиони евра) поради својата одлука пред време да ја прекине соработката. Во последните десет години овој тим на име на раскинување на договорите плати околу 55 милиони фунти (околу 63 милиони евра).

Менаџери отпуштени од Тотенхем во последните 10 години и нивните отпремнини:

Андре Вилаш-Боаш, декември 2013 година, 4,5 милиони фунти (околу 5,1 милиони евра)

Маурицио Покетино, ноември 2019 година, 12,5 милиони фунти (околу 14,2 милиони евра)

Жозе Мурињо, април 2021 година, 20 милиони фунти (околу 22,8 милиони евра)

Нуно Еспирито Санто, ноември 2021 година, 14 милиони фунти (околу 16 милиони евра)

Антонио Конте, март 2023 година, 4 милиони фунти (околу 4,5 милиони евра).

Вкупно: 55 милиони фунти (околу 63 милиони евра)

ПретходноСтатистика за Гинис: Нестварна доминација на Холандија против Гибралтар! (ФОТО)
СледноСаутгејт: Против Македонија ќе играме со најсилен состав, не смееме ни да помислиме дека ќе биде лесно!