Тухел го поведе Баерн

312

Новиот тренер на тимот на Баерн Минхен, Томас Тухел и официјално го одржа првиот тренинг со екипата. Иако истата ни оддалеку не е комплетна поради репрезентативните обврски сепак, најважно е што „Баварците“ стартуваат со новиот стратег.

Како што е добро познато, Џулијан Нагелсман доби отказ од местото тренер на Баерн и експресно беше ангажиран Тухел како негова замена.

Ерик Максим Чупо-Мотинг се врати во тимот, а тука се и германските репрезентативци Лирој Сане и Томас Милер, како и повратникот од Португалија, Жоао Кансело, заедно со голем број помлади фудбалери на Баерн.

ПретходноЧелзи мора да продава… и тоа ИТНО!!!
СледноПочина српската кошаркарска легенда