Данецот Расмус Хојлунд го сврте вниманието кон себе после двете импресивни партии за Данска во квалификациите за ЕП 2024. Тој постигна хет-трик во победата од 3:1 против Финска, а потоа беше двоен стрелец во шокантниот пораз од Казахстан со 2:3.
Италијанските медиуми тврдат дека за фудбалерот на Аталанта се заинтересирани две екипи, а една е од Италија. Се работи за Јувентус кој летоска сака да го види Данецот во своите редови, меѓутоа од друга страна Арсенал има многу подобра понуда.
Тимот од Бергамо за него бара околу 45 милиони евра.
Хојлунд во Аталанта дојде од Штурм, а пред тоа играше во Копенхаген, Холбек и Брондби.
FOTO> Twitter