А требаше да биде дерби, а требаше Џоел Ембид да покаже дека би можел да дојде до МВП признанието пред Никола Јокиќ. Но, сепак се покажа кој е кој. Првиот воопшто не ни настапи а Србинот одигра фантастична партија, дојде до нов трипл-дабл, 105-ти во кариерата во НБА и 29-ти оваа сезона. Јокиќ постигна 25 поени, имаше 17 скокови и 12 асистенции.
И кога игра така Јокиќ тогаш нормално е Денвер да ја победи Филаделфија со 116:111.
Дека Балканците се “главни“ во НБА, доказ е и одличниот настап на Лука Дончиќ за Далас на мечот со Индијана и триумф на Лука. Но повеќе се говори за потегот на вечерта, а тоа е асистенцијата на Дончиќ на овој меч, веројатно асистенција на сезоната.
РЕЗУЛТАТИ:
Детроит – Милвоки 117:126
Индијана – Далас 104:127
Њујорк – Хјустон 137:115
Јута – Феникс 103:117
Денвер – Филаделфија 116:111
Портланд – Њу Орлеанс 90:124
Сакраменто – Минесота 115:119
ЛА Клиперс – 124:112