Во уште една фантастична атмосфера, пред рекордни овосезонски 20.041 гледач, кошаркарите на Партизан ја пречека Барселона во дербито од 31. коло на Евролигата, но на крајот не успеаја да им приредат радост на своите фанови.
Барселона успеа да ја потврди одличната форма, која по подобрата игра во поголемиот дел од натпреварот и донесе победа со резултат 89:80. Партизан го претрпе 14-от сезонски пораз, но ќе го задржи седмото место, сега со скор 17-14. „Црно-белите“ на тој начин ја пропуштија можноста можеби веќе во оваа рунда да обезбедат пласман во плеј-офот на Евролигата, но нова шасна ќе имаат веќе во петок кога Реал Мадрид ќе дојде во Белград.
Во останатите вечерни дуели, Анадолу Ефес обезбеди лесна победа над Милано (89:69), додека Басконија на домашен терен беше подобра од Алба со 93:87.
ЕВРОЛИГА:
Макаби ТА – Виртус Болоња 111-80
Анадолу Ефес – Милано 89-69
Басконија – Алба 93-87
Панатинаикос – Баерн 86-76
Партизан – Барселона 80-89