За разлика од лошите резултати на „јадранот“, кошаркарите на МЗТ Скопје А. продолжија со доминацијата на домашната кошаркарска сцена. Вечерва во Кавадарци во салата „Јасмин“, актуелниот првак без поголеми проблеми го доби последниот дуел од тековното 19. коло во Првата лига против екипата на Еуро Никел со резултат 61:81.
Момците на Драган Николиќ уште во првото полувреме направија предност од 10 поени и потоа во вториот дел само го зададоа финалниот удар по кој Еуро Никел не можеше да се врати во ритам. Аеродоромци ја добија третата четвртина со 13 поени разлика, па со +23 влегоа во последните 10 минути од мечот, кој и онака беше решен.
Одлична партија кај победникот имаше Кефи кој средбата ја заврши со 15 поени, додека Крстевски, Вер и Робев постигнаа по 10. Кај екипата на Еруо Никел најдобар поентер беше Планиниќ со 20 поени.