Во Луганск загинал двоен европски младински првак

343

Максим Галиничев, на 22 години го загуби животот на фронтот во регијата Луганск во Источна Украина каде што бил дел од украинските одбранбени сили. Овој млад боксер, младински европски првак од 2017 и 2018 година уште во првите денови на руската агресија како волонтер им се приклучил на украинските одбранбени сили, а од Украина стигнуваат вести дека тој загинал во борбите.

Претходно два пати бил ранет и по заздравувањето се враќал на фронтот.

Инаку Галиничев изборил место во сениорската репрезентација на Украина, а пред почетокот на војната требало да се спрема за ОИ во Париз. По воената агресија изразил желба да се бори и да помогне на татковината.

ПретходноАрсенал тргна по Хојлунд кој даде пет гола на два меча за Данска во квалификациите
СледноСрамно судење и пораз од Словачка во Анталија (ВИДЕО)