Фудбалската репрезентација на Груција одигра 1:1 на домашен терен против Норвешка во првиот денешен натпревар од евро-квалификациите. Во рамките на мечот од групата „А“, Норвешка за нијанса беше можеби подобар противник, но Грузија со многу желба и упорност на крајот се избори за реми.
Норвежаните дојдоа до водство со голот на Сорлот уште во 15. минута, а водството го задржаа дури до средината на вториот дел, кога по една брза контра Грузија израмни со голот на Микаутадѕе.
Ова се први бодови и за двете селекции во рамките на овие квалификации.