Квалификации за ЕВРО 2024: Хрватска ја чека пекол во Бурса, “фуријата“ на гости во Глазгов!

180

Со вечерашните осум натпревари од 2.коло завршува мартовскиот циклус во квалификациите за ЕВРО 2024. Секако дека во центарот на вниманитео ќе биде балканското дерби меѓу Турција и Хрватска, репрезенатции кои и тоа како имаа минато и историја кога се однесува на нивните меѓусебни натпревари.

Хрватска по она реми дома со Велс, не смее ниту во сон да помисли на пораз, тоа ќе биде рамно на катастрофа за Далиќ и неговите избраници.

Интересно ќе биде во Глазгов каде домашната Шкотска ја дочекува “новата“ Шпанија.

Image

Во продолжение можете да ги видите сите двојки за вечерва:

ДВОЈКИ ЗА ВЕЧЕРВА

18:00 Грузија – Норвешка (група А)

20:45 Косово – Андора (група И)

20:45 Романија – Белорусија (група И)

20:45 Шкотска – Шпанија (група А)

20:45 Швајцарија – Израел (група И)

20:45 Турција – Хрватска (група Д)

20:45 Велс – Летонија (група Д)

ПретходноИлиевски: Триумф против Словачка за комплетно успешен подготвителен период
СледноНавивачките со ниска провокација кон Рајковиќ, овој со пцовки и плуканици кон нив (ВИДЕО)