Одлуката на селекторот Роберто Манчини да го ангажира Матео Ретеги како првотимец на мечевите на Италија со Англија и Малта се покажа успешно, затоа што родениот Аргентинец даде по еден гол на двата натпревари.
Ретеги иако е роден во Аргентина и е играч на локалниот Тигре, тој има италијански корени па затоа доби шанса да игра за Италија. Според „Газета дело Спорт“ скаутите на европскиот шампион веќе забележале четворица кандидати за италијанската репрезентација.
Тоа се 17-годишниот крило Џанлука Престиани од Велес Сарсфилд, 24-годишниот дефанзивен играч за врска Николас Капалдо (РБ Салцбург), 23-годишниот офанзивен играч за врска Џанлука Галопо кој игра во Сао Пауло и 21-годишниот дефанзивец Марко Ди Чезаре кој настапува за Аргентинос Хуниорс.
Самиот Манчини по успехот против Малта ја потврди намерата:
„Веќе сите го прават тоа, ние заостануваме многу зад другите. До пред неколку години имавме многу силни играчи и немаше потреба тоа да го правиме. Други често ни ги земаа фудбалерите за кои сметам дека имаа квалитет за да играат за Италија меѓутоа немаше место за нив. Сега ние ќе се адаптираме и ќе го направиме истото“, коментира Манчини.