Синоќениот квалификациски дуел помеѓу екипите на репрезентациите на Црна Гора односно Србија мина во најдобар ред што се однесува до натпреварувачкиот дел. Србија обезбеди триумф од 0:2 среде Подгорица со двата гола на Влаховиќ.
Од друга страна пак, утринава на интернет се појави аматерска снимка која го „фаќа“ голманот Предраг Рајковиќ во конфликт со публиката која што го провоцира токму на темата „Влаховиќ“ добро позната за време на Мундијалот во Катар. Тогаш медиумите „вриеа“ за наводниот секс скандал помеѓи Влаховиќ и сопругата на Рајковиќ, а црногорските навивачи секако не пропуштија прилика да го „пецнат“ голманот.
Овој пак, во чист балкански манир, плукна во нивна насока и ги „почести“ со сочни пцовки.