Во Малага почна судењето на некогашниот напаѓач на Марсеј, Серхио Контрерас, познат под прекарот Коке, поради трговија со дрога. Коке кој има 39 години е обвинет за организирање на криминална група која продавала дрога во Шпанија и неколку други европски држави, а доколку се докаже дека е виновен ќе одлежи максимална затворска казна од 16 години.
Контрерас во 2019 година беше уапсен поради препродажба на дрога и беше осуден на 20 месеци затвор, но излезе на слобода по само осум месеци со платена кауција во износ од 15.000 евра.
Сепак, судење е почнато против него, како и против други 18 лица меѓу кои и братот и девојката на Коке.
Инаку како фудбалер Коке кариерата ја почнал во Малага, а потоа играл за Рајо Ваљекано, Спортинг и Арис, а најголемата слава ја стекна како играч на Марсеј од 2004 до 2006 година.