Фудбалската репрезентација на Швеска доживеа шлаканица на првиот меч од квалификациите за ЕП 2024 затоа што дома изгуби од Белгија со 0:3. На вториот меч Шведска го совлада Азербејџан со 5:0, меѓутоа критиките од тој пораз од Белгијците многу го изнервира селекторот Јане Арнесен.
Бојан Ѓорѓиќ, некогашниот фудбалер на Црвена Звезда и на Манчестер Јунајтед со години работи како стручен консултант во Шведска го „пецна“ селекторот поради неиграњето на Јесер Карлсон од АЗ, а Андерсон се изнервира и предизвика расправа по што го напушти интервјуто.
„Како прво не сум сигурен дали е во животна форма како што велиш. Имаше одлични партии пред да се повреди поради што беше отсутен пет месеци. Се врати но постигна еден гол и пополека се враќа во форма. Зборував со него. Можеме цела ноќ да зборуваме за селектирање на екипата, но ако тој игра тогаш Исак или Ѓекереш ќе мора на клупа. Кој од нив да не игра?“, праша Андерсон.
Тогаш Ѓорѓиќ отиде на друго прашање поради што селекторот „зовре“.
„Па промени ја формацијата на 4-2-3-2 или 4-4-2“.
„Тогаш ти работи како селектор место мене. Не можам веќе да поднесам приговори. Дојдов во вашето студио, а вие кревате рака на мене и пола час само кукате и приговарате“, рече Андерсон кој се спремаше да си оди од студиото.
„А ти кого го претставуваш?“ го праша Андресон Ѓорѓиќ.
„Шведска и не го разбирам прашањето…“, одговори Швеѓанецот со српско потекло.
„Си требал да претставуваш некоја друга репрезентација… Дојдов овде да одговорам на прашањата, а вие само ме напаѓате. Победивме 5:0? Да! Ете, чао. Ако мислиш дека би бил подобар тренер тогаш нека те ставам тебе“, рече Андерсон по што си замина.