Служат за потсмев: Бугарија е убедливо најслабата балканска репрезентација!

4577

Едноставно се најслаби и тука нема дилеми. Бугарија како да исчезнува од фудбалската мапа на Европа, тука мислиме на нивниот репрезентативен фудбал. Нашиот источен сосед едноставно го допре дното.

Тоа сите ние го знаевме, а од синоќа и самите Бугари се уверија во тоа.

За нив уште непочнати квалификациите за ЕВРО 2024 просто завршија. По две кола забележаа два порази. Прво дома од Ц. Гора со 0:1 и синоќа кога беа растурени како “бугарска скупштина“ од Унгарија на гости со 0:3.

Па така сега во групата-Г, каде што се уште и Србија и Литванија не им бега последното место на табелата.

Очај и беда им е репрезентацијата, и така е во последните две децении. Не можат да се свестат, уште живеат во филмот од 1994 и СП во САД и ѕвездите како Стоичков, Балаков, Лечков и компанија.

Од 10 земји на Балканот кои учествуваат во овие квалификации, и тоа Словенија, Хрватска, БиХ, Ц. Гора, Србија, Албанија, Косово, Македонија и Грција само тие во два меча не само да немаат освоено бод, туку немаат постигнато ниту гол.

Да, и Албанија нема бод(ови), но оваа селекција одигра само еден меч.

ПретходноБалканците растураат во НБА: Јокиќ покажа кој е кој, Дончиќ со асистенција на сезоната! (ВИДЕО)
СледноБез „бури“ на ден пред Изборното собрание: Антиќ има отворен пат кон новиот мандат!