Турскиот интернационалец Хакан Чалханоглу и натаму ќе биде дел од тимот на Интер. Офанзивецот ќе потпише нов договор до крајот на 2026-27 година, што ќе рече дека тој ќе биде дел од овој клуб речиси до крајот на неговата кариера.
Оваа информација ја пренесе трансфер гуруто Фабрицио Романо. Турчинот интересно пристигна во Интер во 2021 година токму од таборот на соседот Милан.
Тој сезонава е стандарден, има 36 настапи за Интер, а постигна три гола и додаде шест асистенции.
Клубот моментално преговара и со дефанзивецот Алесандро Бастони , чиј договор со Нероаѕурите истекува во јуни 2024 година.