Навивачката група „Чкембари“ е лута на управата на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер поради тоа што не се обидела да им помогне по завршување на мечот против Вардар во Скопје кога 22 нивни членови биле задржани од специјалните единици.
Тие велат дека ниту еден од раководството не им се јавил да праша како се, за на крај да им порача вината за лошите резултати да не ја бараат во навивачите.
Соопштението на навивачката група „Чкембари“ ви го пренесуваме во целост:
„Почитувана управа и сопственици на Рк Еурофарм ПЕЛИСТЕР.
Брендот Пелистер доаѓа во пакет со Чкембари а пакетот содржи се она што е добро и лошо. Пелистер на насловни страни се појавувал поради Чкембари, многу пати повеќе од било кој играч кој донел радост на клубот. После секој натпревар во Битола странците ја величат атмосферата во сала ви делат комплименти за истата, Пелистер надалеку е познат баш поради таа специфика која многу малку ракометни клубови ја имаат во Европа.
Пред да не осудевте 40/50 пијани или нешто друго будали, требаше да не контактирате нас, да прашате дечки шо се случи. Не, вие за нас завчера бевте недостапни, нејсе не ви се налутивме, иако 22-ца браќа оставивме на милост и немилост во Скопје без можност да им помогнеме бидејќи бевме 2 часа по завршеток на натпреварот буквално тормозени од специјалните единици.
Драга управо, завчера од истото место трет пат можеби и од истите луѓе бевме нападнати. Кога би го имале тоа малку во вас што ние го имаме во нас за овој клуб но и против завчерашниот ривал, во ниеден момент не би се посомневале во реакцијата која ја видовте завчера. Да имаше реакција од нас, можеби и прекумерена, но тоа не би требало да ви даде за право да се оградите од тие кои секој ден врват часови размислувајќи и фантазирајќи за клубот кој го водите.
За информација, комити 50-тина слегоа на терен не нападнаа нас со фрлање на шишиња ви украдоја дел од клупската опрема но ни Вардар се огради од нив ни па имаа некој уапсен. Епилогот од завчера е 22 уапсени Чкембари и ниеден Kомита.
Господо, резултатските неуспеси, не ги префрлајте на нас. Завчера бевме ние да дадеме елан да даеме снага да појачаме адреналин кај нашите играчи, а добивме побледени аматери. Чкембари не ве чинат годишно ни 1/5 од една месечна плата на скапоплатените ѕвезди кои имаат придонес во клубот рамен на нула. Ние постоиме за вас, а Пелистер е сеуште клуб поради нас. Едно сме, вакви грешки во иднина не смеат да се повторат!
ОВАА РАКОМЕТНА СЕЗОНА ЗА ЧКЕМБАРИ Е ЗАВРШЕНА.“