Шпанија без двајца важни играчи вечерва против Шкотска

205

Репрезентативците на Шпанија, Дани Олмо и Алехандро Балде ќе го пропуштат вечерашниот натпревар од квалификациите за ЕП 2024 на гостувањето кај Шкотска, пренесуваат шпанските медиуми.

И обајцата беа стартери на дуелот против Норвешка, кој беше добиен со 3:0, а Олмо дури беше и стрелец. Сепак, очигледно дека Олмо нема сила за два сериозни мечеви едноподруго, затоа што штотуку се опорави од повредата на скинато мускулно влакно.

ПретходноБаерн со понуда до Јуве: Гнабри +35 милиони евра за Влаховиќ!
СледноЧелзи мора да продава… и тоа ИТНО!!!