Како утешна награда за она што ни се случи во финалето во Анталија, во рамките од финалето на мини турнирот против Словачка, во кој по судиската кражба загубивме со 1:0, нашите Марко Алчевски и Сѕефан Деспотовски се прогласени за најдобар голман односно дефанзивец на турнирот.
Тоа што од поразениот тим се прогласуваат најдобрите доволно говори кој бил подобар ривал на овој дуел, и кој оставил најдобар впечаток на целиот турнир, и тоа ќе ни биде сатисфакција за понатаму. Да знаеме дека имаме одлична генерација која заслужува многу повеќе респект, и има капацитет во следниот квалификациски циклус да направи многу.