Без „бури“ на ден пред Изборното собрание: Антиќ има отворен пат кон новиот мандат!

705

Македонската кошаркарска федерација нема да има промени во раководството. И во следните четири години за овој спорт ќе се грижи поранешниот македонски репрезентативец, Перо Антиќ.

На ден пред утрешното Изборно Собрание (во хотелот Александар Палас, 12 часот) нема стигнато ниту една друга кандидатура за претседателската функција во КФСМ.

Иако дел од клубовите пред извесно време имаа инцијатива да го лансираат македонскиот судија со ФИБА значка, Петар Денковски како противкандидат на Антиќ, сепак истата беше брзо згасната, па сегашниот прв човек на куќата на кошарката има отворен пат кон нов четиригодишен мандат.

Антиќ на оваа функција дојде на местото на Петар Наумоски во 2019 година. Доколку ја добие довербата тој ќе биде еден од ретките претседатели кои се задржале подолго време на оваа функција.

Пред четири години доби максимум 27 гласа од присутните членки на Собранието при КФСМ.

Како еден од поголемите успеси што Антиќ ги направи во овие четири години е СРЦ „Кале“, оваа сала стана нов дом на македонската кошарка Тука веќе и најдобрата репрезентација ги играше претквалификациските мечеви.

ПретходноСлужат за потсмев: Бугарија е убедливо најслабата балканска репрезентација!
СледноСкандалозно видео од инцидентите на мега – дербито во Скопје! (ВИДЕО)