Британскиот боксер Ентони Џошуа изјави дека ќе ја заврши кариерата доколку во сабота загуби од Американецот Џермејн Френклин.
Џошуа се враќа на рингот во сабота навечер во Лондон по двата последователни порази од Украинецот Олександр Усик. Британецот рече дека ќе се пензионира доколку доживее трет пораз по ред.
„Ќе се пензионирам ако загубам. Не сум тука да се борам со луѓето. Ако луѓето сакаат да се пензионирам, ќе се пензионирам“, изјави Џошуа.
„Не се работи ни за пари, туку за конкуренти. Тоа е она што е важно. Притисокот доаѓа со работата. Кога ќе се пензионирам, ќе бидам мирен. Ме ставивте под толку голем притисок и кога ќе завршам, оковите ќе се тргнат. Ќе се смеам и ќе уживам во животот“, изјави Џошуа.
Во сабота Џошуа ќе се обиде да ја постигне првата професионална победа од декември 2020 година, кога го нокаутира бугарскиот боксер Кубрат Пулев.