Фудбалската репрезентација на Шкотска предводена од извонредниот Скот Мектоминај кој постигна два гола славеше над фаворизираната Шпанија со 2:0. Така Шкотите одлично го искористија тоа што првите два натпревари ги одиграа на домашен терен и по две кола имаат максимални шест бода.
Швајцарија го освои шестиот бод во групата „И“ каде на домашен терен вечерва триумфираше над Израел со 3:0, а победа постигна и Романија, која беше подобра од Белорусија со 2:1.
Големо изненадување вечерва се случи во Приштина, каде Косово дозволи да остане со само еден бод против тоталниот аутсајдер Андора играјќи 1:1. Косово долго се мачеше против Андора, а патот до мрежата конечно го најде во 59. минута кога погоди Жегрова. Кога здивнаа во Приштина, шокот дојде по само две минути кога Росас постигна гол и израмни на 1:1.
Хрватска во второто коло од квалификациите славеше во Бурса против Турција со 2:0.
Турците тргнаа офанзивно, агресивно, создадоа две-три добри шанси, но Матео Ковачиќ го постигна водечкиот гол за гостите во 20. минута, а истиот фудбалер ги постави и конечните 0:2 со погодокот во самиот финиш на првото полувреме.