Почна судењето на екс-играч на Марсеј за трговија со дрога, се бара максимална казна

231

Во Малага почна судењето на некогашниот напаѓач на Марсеј, Серхио Контрерас, познат под прекарот Коке, поради трговија со дрога. Коке кој има 39 години е обвинет за организирање на криминална група која продавала дрога во Шпанија и неколку други европски држави, а доколку се докаже дека е виновен ќе одлежи максимална затворска казна од 16 години.

Контрерас во 2019 година беше уапсен поради препродажба на дрога и беше осуден на 20 месеци затвор, но излезе на слобода по само осум месеци со платена кауција во износ  од 15.000 евра.

Сепак, судење е почнато против него, како и против други 18 лица меѓу кои и братот и девојката на Коке.

Инаку како фудбалер Коке кариерата ја почнал во Малага, а потоа играл за Рајо Ваљекано, Спортинг и Арис, а најголемата слава ја стекна како играч на Марсеј од 2004 до 2006 година.

ПретходноХакан Чалханоглу ќе потпише нов договор со Интер
СледноПСЖ му нудел на Рашфорд неделна плата од 400.000 фунти, но фудбалерот одбил