ПСЖ му нудел на Рашфорд неделна плата од 400.000 фунти, но фудбалерот одбил

664

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд игра се подобро на клупско ниво по настапот на СП во Катар, имал фантастична понуда од Пари Сен Жермен минатото лето, пренесува „The Athletic“.

Според изворот, летото 2022, парискиот гигант разговарал со англискиот напаѓач и му понудил договор според кој на неделно ниво би заработувал по 400.000 фунти, што е речиси двојно повеќе од платата што моментално ја добива играчот во Манчестер Јунајтед. Меѓутоа играчот го одбил тоа.

Во декември минатата година, „црвените ѓаволи“ ја активираа опцијата за продолжување на договорот на Рашфорд на уште една сезона што значи дека тој е валиден до летото 2024 година. Во меѓувреме од „Олд Трафорд“ се обидуваат да спремат понуда со која ќе го натераат Рашфорд да продолжи, но исто така е присутен и интересот на ПСЖ.

ПретходноПочна судењето на екс-играч на Марсеј за трговија со дрога, се бара максимална казна
Следно„Чкембари“ гневни на управата на Еурофарм Пелистер