Саутгејт: Против Македонија ќе играме со најсилен состав, не смееме ни да помислиме дека ќе биде лесно!

3864

Заврши мартовскиот циклус во квалификациите за ЕВРО 2024 во групата – Ц. Селекцијата на Англија веднаш покажа дека е најголем кандидат за првото место. По двете победи, со Италија на гости и завчера против Украина дома, Англичаните имаат две победи и се убедливо на првото место на табелата.

По мечот со Украина, на прашање на новинарите дали во јуни кога Англија ќе игра со Малта (16 јуни) и Македонија (19 јуни), тој ќе одмара некој од ѕвездите, селекторот на Англија одговори:

Не, против Македонија ќе играме со нашиот најсилен состав, не смееме ни да помислиме дека ќе биде лесно. Ако не ги повикаме најдобрите или ако некого одмараме тогаш ќе испратиме погрешна порака. Ние ја претставуваме Англија и на секој меч ќе играме со најдобрите“ посочи Саутгејт.

Инаку Македонија во тој циклис прво игра дома со Украина на 16 јуни, за да три дена подоцна и гостува на Англија на “Олд Трафорд“.

ПретходноКонте ќе добие многу помала отштета од Мурињо, Тотенхем потрошил убави пари на екс-тренерите!
СледноБалканците растураат во НБА: Јокиќ покажа кој е кој, Дончиќ со асистенција на сезоната! (ВИДЕО)