Челзи мора да продава… и тоа ИТНО!!!

997

Тимот на Челзи е пред многу сериозен предизвик и сигурна чистка на дел од своите играчи по сериозните загуби кои беа објавени вчера во износ од 121 милион фунти за изминатата година.

Овие финансиски резултати го зголемуваат притисокот врз шефовите на клубот брзо да ги направат своите потези за да можат да ги доведат финансиите на клубот во добра состојба и да се вклопат во финансискиот фер-плеј пред да се соочат со санкции. Згора на тоа, Челзи е на десеттото место во поредокот и учеството во Европа следната сезона е сериозно доведено во прашање.

„Сините“ имаат вкупен „минус“ од 274 милиони фунти во последните две сезони наспроти дозволената граница од 105 милиони фунти во текот на три сезони. Токму поради овие причини, на Стемфорд Бриџ треба брзо да заработат и тоа до 30 јуни, кога истекува рокот за оваа сезона, бидејќи следната финансиска година ќе вклучи голем дел од импресивните 545 милиони фунти што лондончани ги потрошија во последните два преодни рока. 

Најјефективен потег за Челзи во моментов би биле трансфери на играчи кои се произовд на академијата на клубот. Од типот на Мејсон Маунт, Тревор Чалоба, Конор Галагер, Рубен Лофтус-Чик и Калум Хадсон-Одои, кои не го чинеле ништо клубот бидејќи се производи на академијата. Други имиња кои се поврзуваат во овој поглед се оние на Матео Ковачиќ, Хаким Зиеш, Кристијан Пулишиќ, како и голманот Едуард Менди. Изненадувачки, весникот „Сан“ го додава и она на Бен Чилвел, за кого изданието тврди дека на Манчестер Сити многу му се допаѓа и е подготвен да плати 70 милиони фунти за да го однесе на „Етихад“.

Сепак, шефовите на „сините“ треба брзо да ги завршат овие зделки, што ги става во неповолна положба бидејќи ќе бидат притиснати за времето и крајниот рок на 30 јуни. Комбинираните загуби на Челзи во последните три кампањи се 242 милиони фунти, но Премиер лигата неодамна направи некои отстапки поради ограничувањата за Ковид-19.

ПретходноШпанија без двајца важни играчи вечерва против Шкотска
СледноТухел го поведе Баерн