Алкалоид со цел плен од Битола!

248

Екипата на Алкалоид ја оправда фаворитската улога против Пелистер 2, на гостински терен славеше со 30-35 во првиот меч од шестото коло во плеј-офот. За избаниците на Кирил Лазаров ова беше четвртти триумф оваа сезона, со скор од уште едно реми и еден пораз.

Битолчани водеа само на почетокот со 1-0 и 2-1, по што гостите со серија од 3-0 за 4-2. Од овој момент Алкалоид го наметна своето темпо, највисоката предност беше пет гола (11-16 и 13-18), на одморот резултатот беше исто плус пет (15-20).

Во продолжение ракометарите на Алкалоид имаа два падови, но истите не го променија текот на мечот. Домаќинот намали на два разлика, но немаше сили за повеќе.

Серафимов и Илиески со по седум гола беа први стрелци, на другата страна Петровиќ имаше осум погодоци, Ристевски и Ивановски имаа по седум гола.

ПретходноЕмил Павлов има норма за Европските игри 2023 во Полска
СледноДи Марија останува во Јуве