Анхел Ди Марија ќе потпише нов договор со тимот на Јувентус и нема да замине во Шпанија или Англија како што шпекулираат медиумите.
Напротив, аргентинецот кој е Светски првак со својата репрезентација, е задоволен со статусот во Торино и нема намера да си замине. Ќе потпише нов договор, едногодишен со кој што ќе се обврзе на соработка до летото 2024 година.
Во тековната сезона има 24 натпревари и 8 гола во Серија А, а има постигнато и 7 асистенции.