„Крунисување“ на Перо Антиќ во старо-нов претседател на КФСМ!

328

Денеска (12 часот) во хотелот „Александар Палас“ ќе се одржи Годишното Изборно Собрание. Актуелниот прв човек на „куќата на кошарката“, Перо Антиќ треба да добие нов четиригодишен мандат. Поранешниот македонски репрезентативец според најавите нема да има противкандидат за претседателската функција во КФСМ.

Врз основа на член 20 од Статутот, претседателот на федерацијата свикува седница на Собранието со следниот дневен ред.

ДНЕВЕН РЕД

– Избор на Верификациска комисија на Собранието;

– Избор на Кандидациска комисија на Собранието;

– Избор на Работно претседателство на Собранието;

– Избор на Записничар на Собранието;

– Избор на Оверувачи на записникот на Собранието;

Прв дел:

1. Усвојување на записникот од Собранието одржано на 05.09.2022 година;

2. Извештај за работата на КФСМ за 2022 година;

3. Финансиски извештај за 2022 година на КФСМ;

4. Разно.

Втор дел:

1. Констатирање на престанок на функција Претседател;

2. Избор на Претседател на КФСМ;

3. Избор на членови на Управен одбор на КФСМ;

4. Избор на Надзорен одбор на КФСМ;

ПретходноХет-трик за 17. минути, Меси тргна по стапките на најголемиот ривал (ВИДЕО)
СледноМедведев лесно во 1/4 финалето, елиминација на Циципас!