Вардар 1961 ја оправда фаворитската улога против Тиквеш, но во второто полувреме. До триумфот од 35-25 против кавадарчани, актуелниот македонски првак дојде откако Владо Недановски по одморот ги внесе најдобрите играчи оти виде со дел од оние кои добиваат мала минутажа не може да дојде до целиот плен против тимот предводен од поранешниот македонски селектор, Данило Брестовац.
Вардар отвори според планот, поведе со 2-5, но гостите не паднаа на ова негатива, брзо се вратија во мечот, со серија од 1-4 изедначија на 6-6, а потоа и поведоа со 8-9, па и со 10-12 и 11-13. Домаќинот на одморот изедначи на 15-15, по што во вториот дел влегоа сите поискусни ракометари како Манасков, Стоилов, Георгиевски…Работите на теренот се променија, Вардар доминираше, полека ја зголемуваше позитива, која стигна до 23-18, нешто подоцна поточно на седум минути до крајот беше 32-22.
Гоце Георгиевски, Јан Чувара и Дејан Манасков со по шест гола беа први стрелци, на другата страна Хамзиќ и Петровиќ имаа по пет погодоци.