Алекс Фергусон и Арсен Венгер примени во Куќата на славните

84

Сер Алекс Фергусон и Арсен Венгер се примени во Куќата на славните во Премиер лигата како дел од класата 2023 година, објави организацијата. Двајцата најуспешни менаџери во англискиот фудбал од создавањето на Премиер лигата во 1992 година се првите тренери кои се примени во „Куќата на славните“. Досега нејзини членови беа само поранешни фудбалери.

Фергусон (81) помина 27 години на чело на Манчестер Јунајтед, освојувајќи ја Премиер лигата 13 пати, ФА Купот пет пати, Лига купот четири пати, Лигата на шампионите два пати и европскиот Суперкуп, Интерконтиненталниот куп и Светското клупско првенство по еднаш. . Тој има 528 победи во 810 натпревари во Премиер лигата и 1.752 поени. За „Менаџер на сезоната“ бил избран 11 пати, а 27 пати ја добил наградата „Менаџер на месецот“.

Венгер (73), кој моментално работи за ФИФА, беше на чело на Арсенал 22 години. Тој освои три титули во Премиер лигата со Топџиите, пишувајќи го своето име со златни букви во историјата на лигата во сезоната 2003/04, станувајќи единствениот менаџер досега кој завршил непоразен. Го освои и ФА Купот седум пати. Венгер три пати беше избран за менаџер на годината и под негово водство Арсенал има 476 победи и 199 нерешени во 828 натпревари во Премиер лигата.

ПретходноПосле Русија, УЕФА може да суспендира уште една репрезентација!
СледноТраката со боите на виножитото забранети на женскиот Мундијал