Антиќ и официјално останува на чело на КФСМ со 40 гласа „ЗА“ и еден против!

598

Она што беше најавувано денеска во хотелот „Александар Палас“ доби потврда. На чело на Кошаркарската федерација на Македонија и во следните четири години останува Перо Антиќ. Старо-новиот прв човек на „куќата на кошарката“ новиот мандат го доби лесно, без противкандидат.

На Годишното Изборно Собрание беа присутни 41 од 45 делегати со право на глас. Антиќ доби гласови 40 гласoви “ЗА“ и еден против.

Поранешниот македонски репрезентативец за првпат на оваа функција дојде во 2019 година на местото на Петар Наумоски, кога исто така немаше противкандидат. Тој е еден од ретките лидери кои на претседателското место ќе се задржат повеќе од еден мандат.

Како најголемо остварување во првиот мандат се издвојува превземањето на големата сала „Кале“ на стартот на своето владеење, која денеска е дом на овој спорт.

Во ерата на Антиќ, Македонија успеа да се пласира во претквалификации за едно Светско првенство, а остана желбата за пласман на ЕП, која кошаркарите можат да ја остварат во следниот цикуслус, откако обезбедија место во квалификациите.

Во негово време се сменија четири селектори, по доаѓањето Јорданчо Давитков стана минато на негово место дојде Александар Тодоров, кој беше сменет со Драган Бајиќ, по што довербата беше дадена на Александар Јончевски.

Како и сите други раководства редовно е домаќин на првенства во Б Дивизија и А Дивизија. Засега најголема болка останува женската кошарка, која и натаму се дави на дното.

УПРАВНИОТ ОДБОР ВО СЛЕДНИТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ

Во наредиот четиригодишен период во работата на федерацијата ќе помагаат: Димитар Ефтимовски како потпретседател, потоа Ѓорѓе Војновиќ, Илија Мерџановски, Владимир Арсовски, Блаже Костадинов, Игор Мицевски, Алтин Малиќи, Аднан Шариќ, Амир Абед, Слободан Трајковски, Виктор Петрушевски, Бранислав Стојановски, Мустафа Ливарека, и членовите на ова тело по автоматизам, Стојмир Дејановски, како претставник на Прва лига-мажи, Јордан Цветановски, претставник на Прва лига-жени, Енвер Мифтари, претставник на Втора лига-мажи, Владимир Огњановски, претставник на Младинските лиги, и Александар Јончевски, претставник на Здружението на кошаркарски тренери.

ПретходноКлубовите должат околу 13 милиони денари, федерацијата во ќар – 4,6 милиони денари!
СледноДодека репрезентацијата губи бодови, Халанд прекршува закони!