Антиќ најави: Македонската лига ќе добие генерален спонзор, а клубовите олеснување!

409

Во следните неколку денови, раководството на КФСМ својот нов мандат ќе го почне со нешто што го вети во првиот, но поради пандемијата со коронавирус не успеа да го реализира, а тоа е спонзор на Лигата.

Името на компанијата не беше откриено, преговорите се во завршна фаза. За почеток соработката ќе биде на една година, а според зборовите на првиот човек на КФСМ клубовите ќе добијат олеснување.

„Обезбедивме некои нови спонзори за националниот тим. Планот е генерален спонзор за лигата, тоа што беше во мојата програма од пред четири години. Знаете поради што не успеа тоа. За три дена ќе се официјализира тоа, тоа ќе биде една голема помош, се надевам долготрајна. Една година е сигурна, а би сакал во иднина да е четиригодишен договор со кои ќе ги ослободиме клубовите од давачки и ќе можат тие пари да ги насочат внатре“, изјави Антиќ. 

ПретходноАнтиќ по реизборот: Кошарката е во подем, ние мора да создадеме подобри услови!
СледноПосле Русија, УЕФА може да суспендира уште една репрезентација!