Во реприза на полуфиналето од купот, одбојкарите на Шкендија вечерва по голема борба успеаја да го совладаат Борец во Велес со 3:2 и да им се реваншираат за поразот на Ф4 турнирот од Купот на ОФМ. И двата тима покажаа дека во моментов имаат сериозни аспирации да играат во финалето на националниот плеј-оф, а вечерашното дерби од 9. коло во втората фаза е само најава за возбудливите пресметки кои не чекаат во одлучувачката рунда од разигрувањето. Победата значи дека Шкендија ќе го освои второрто место и ќе има предност повеќе на меч на домашен терен.
Шамионот Струмица без проблеми се враќа со максимален триумф од Тетово, додека Работнички беше сигурен во Пробиштип.
Прва лига (мажи), Втора фаза-1, (9.коло)
ГОК Борец – Шкендија 2:3 (21:25, 25:21, 27:29, 25:13, 9:15)
Весна Пробиштип – Работнички 71&22 0:3 (10:25, 17:25, 14:25)
Лирија – Струмица Никоб 0:3 (13:25, 14:25, 17:25)
Табела: Струмица Никоб 18-1, Шкендија 16-3, ГОК Борец 14-5, Работнички 10-9, Лирија 8-11, Весна Пробиштип 6-13.