Во чест на капитенот: Дресот со број 5 на Адеми оди во историјата

206

Поранешниот ас на Динамо Загреб, Аријан Адеми се прости од клубот на мечот со Ријека, но се уште се опростуваат од капитенот. Според „Спортске новости“ Динамо Загреб ќе направи нешто што на никого не му го направил претходно, ќе го повлече дресот со број 5 што го носеше македонскиот репрезентативец.

Тој дрес нема да го носи никој повеќе. Тој засекогаш ќе остане запаметен како дрес кој го носел еден од најголемите капитени во историјата на Динамо.
Адеми после долги години го напушти „Максимир“ и отиде да игра во Кина.

ПретходноБутел Скопје го урна Пролет во второто полувреме!
СледноЕрв Ренар даде отказ од Саудиска Арабија поради нова селекторска работа