Ерв Ренар даде отказ од Саудиска Арабија поради нова селекторска работа

300

Одличниот француски фудбалски стратег Ерв Ренар даде отказ од селекторската позиција на Саудиска Арабија поради нова работа. Тој одлучил да ја прифати понудата на Фудбалската федерација на Франција и да биде селектор на женскиот национален фудбалски тим на претстојното Светско првенство.

Инаку, Ренар доаѓа на местото на Корин Диакре која доби отказ откако капитенката и уште некои фудбалерки порачале дека нема да играат на СП додека не биде сменет селекторот.

Ренар од 2019 година ја водеше Саудиска Арабија, а на СП во Катар неговата репрезентација беше единствената која ја совлада Аргентина, идниот светски шампион во чудесен меч во групата (2:1). Инаку Ренар работеше и како селектор на Замбија со која стана Африкански првак, а потоа истото го направи и со репрезентацијата на Брегот Слонова Коска.

ПретходноВо чест на капитенот: Дресот со број 5 на Адеми оди во историјата
СледноКил загуби од Динамо (Б), но обезбеди четвртфинале во ЛШ