И Џојнер си замина – Феникс без странци до крајот на сезоната

152

Илајџа Џојнер повеќе не е член на тимот на Феникс 2010 откако замина во САД поради семејни обврски.

Дваесетитригодишникот дебитираше во „виолетово-жолтиот“ дрес за Купот на Македонија каде беше од огромна помош во постигнувањето на историскиот успех со освојување на сребрениот медал, како и во четритите настапи во Првата лига.

Заминувањето на Џојнер значи дека Феникс ќе ја доигра сезоната без странски кошаркари откако на почетокот на овој месец си замина и Чарлс Фалден.

ПретходноТиквеш му покажа „заби“ на Вардар, па Недановски мораше да ги уфрли најдобрите (ФОТО)
СледноРодри бесен: Начинот на игра на Шкотска е глупав, тоа не е фудбал