Германски Кил иако загуби на домашен терен од Динамо Букурешт со 32:31, обезбеди пласман во четвртфиналето на ракометната Лига на шампиони. Германскиот ракометен гигант по убедливата победа на првиот гостински меч со 41:28, вечерва само формално ја завери картата за четвртфиналето.
Никлас Екберг со девет гола беше најефикасен во таборот на Кил, додека кај Романците Анте Кудуз постигна пет гола. Во последната рунда до Ф4 турнирот, Кил за противник ќе го има францускиот првак ПСЖ.