Македонската кошаркарска федерација во овој момент го одржува Годишното Изборно редовно собрание на кое покрај избор на претседател, се дава извештај за сработеното во минатата година, од финансиски извештај до репрезентативен.
Според завршната сметка, КФСМ годината ја завршила со позитива од 4.696.376 денари.
Она што е доста интересно е дека клубовите на федерацијата и должат 12.700.100 денари на име котизација, странски играчи, казни по билтени и закуп на сала.
Федерацијата на име плати и договори има потрошено 13.976.115 денари, од нив 840.744 биле платени придонеси за вработен по судиско решение, а тоа поранешниот спортски директор Владимир Темелковски.
Кога сме кај трошоци како маркетинг, закуп на спортска сала, хотелски сместувања, исплата службени лица, адвокатски услуги, потроешна електрична енергија, вода за репрезентации, сервис за одржување, сервис и одржување, телефонски услуги и авионски карти, се потрошени 4.446.558 денари.
За сите репрезентации расходите изнесуваат 79.103.555 денари, најголем дел од оваа сума одел на име на хотелско сместување, 29.024.709 денари.