Кристијан Стелини, од тренер на тим на бегалци до в.д. менаџер на Тотенхем

393

На општо изненадување, Италијанецот Кристијан Стелини е назначен за привремен менаџер на Тотенхем. По отказот на Антонио Конте и онаа бурна прес-конференција, челниците на Тотенхем одлучија да побараат нов менаџер меѓутоа по завршувањето на сезоната што значи дека во преостанатиот дел од сезоната тимот ќе има в.д. менаџер.

Се зборуваше за Јулијан Нагелсман, па Рајан Мејсон, на крајот изборот падна на Стелини кој му беше помошник на Конте. Тој ќе има тешка задача да избори место во ЛШ, односно да го освои најмалку четвртото место на табелата.

Кој е Стелини?

Играл лев бек во Новара, па во СПАЛ, Тернана, Комо, Модена, Џенова и Бари.

Тренерската кариера ја почнал како помошник на Конте во Сиена, па Јувентус, работел во младинскиот тим на Џенова. По суспензијата на Јувентус поради скандалот со местење на натпревари, Стелини продолжил фудбалски да се образува.

Од 2012 до 2013 година Стелини тренирал тим составен од бегалци и баратели на азил во Торино и го однесе до триумф на Балон Мундијал, кој е еден од турнирите организирани од UISP (Спорт за сите Унија на Италија) во различни италијански градови. Во слободно време играл и за тимот.

Во 2019 година повторно се соединува со Конте, овојпат во Интер. „Нероаѕурите“ го освојуваат „Скудетото“, а потоа тој заедно со Конте во 2021 година прават трансфер во Тотенхем.

Сега ќе го менува својот учител во лондонската екипа.
Познато е дека Италијанецот има вештина за прагматичен фудбал, исто така е познат како педантен работник, кој внимава на деталите. Што е најважно има позитивен однос со играчите на Тотенхем.

Дали Спарс ќе успеат да завршат во првите четири е нешто што ќе покаже само времето.

 

 

ПретходноКил загуби од Динамо (Б), но обезбеди четвртфинале во ЛШ
СледноЦ. Звезда ја урна Валенсија и остана да сонува за место во ТОП 8