Мирчевски и другарите херои кои спасија сообраќајна катастрофа (ВИДЕО)

1620

Македонскиот интернационалец во редовите на српскиот тим ТСЦ, Мартин Мирчевски и неговите колеги се вистински хероји откако вчера во попладневните часови биле сведоци на сообраќајна несреќа од верижен карактер на магистралниот пат Суботица  – Бака Топола.

Поради силниот ветар огромна прашина се кренала на и околу патот, па се случила несреќа во која биле вклучени десетина возила. За среќа нема загинати, само повредени, а Мирчевски и неговите соиграчи на  време се нашле на лице место, и според видеото можете да видите дека реагирале соодветно. Застанале крај патот и ги предупредиле возилата кои доаѓаат за несреќата пред нив, која што поради слабата видливост не можеле и немале како да ја приметат.

Секоја чест.

 

 

 

ПретходноАХИЛЕЈА ЧАВКАРОСКИ Е НОВ МИЛИОНЕР СО ОСВОЕНИ 1.752.587,00 ДЕНАРИ
СледноПелистер ги изнесе своите забелешки за дербито и прашува: Зошто мечот со Вардар не беше прекинат?