Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш ја покажа својата големина. Вечерва на мечот меѓу Ц. Звезда и Валенсија во Евролигата, Ѓоковиќ беше на трибините во делот во кој присуствуваа многу познати личности, а кога влезе на теренот веднаш беше поздравен со овации и аплаузи.
Сепак една ситуацијата која се случи по крајот на натпреварот само дополнително ја подигна свеста за неговата големина. Имено, додека се сликаше со обожавателите, Ѓоковиќ му даде пари на едно момче, што може да се види на видеото.
View this post on Instagram