Навивачите на Фенер бараат од Жезус дербито со Бешикташ да го почне со Алиоски

1054

Навивачите на Фенербахче и турските медиуми денеска јасно побараа од тренерот на истанбулскиот гигант Жорге Жезус да му даде шанса на македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски на престојното големо дерби со Бешикташ.

Според анализите во турските медиуми, Алиоски не смее да остане надвор од комбинација за престојното неделно дерби, затоа што Фенер на левата странична позиција остана без Линколн и Остерволде кои се повредија еден по друг.

31-годишниот Алиоски одигра 78 минути на натпреварот против Малта во кој Македонија славеше со 2-1, а беше и комплетен меч на терен за тест-дуелот со Фарските Острови. Притоа, Алиоски, на мечот со Малта беше играч со најмногу допири на топката (91) кај нашата селекција, отвори 4 прецизни додавања во поле, реализираше 3 длабински додавања, освои 4 топки и доби 6 од 12 дуели.

ПретходноПрилеп му нанесе прв пораз на Куманово, победи и за Голден Арт и Струга
СледноМомчето го воодушеви Новак, па Ѓоковиќ му стави пари во дуксерот (ВИДЕО)