Светската фудбалска федерација (ФИФА) и ја одзеде на Индонезија организацијата на Светското првенство за играчи до 20 години, кое требаше да се одржи од 20 мај до 11 јуни.
ФИФА ја донесе одлуката откако Фудбалскиот сојуз на Индонезија (ПССИ) ја откажа ждрепката бидејќи гувернерот на Бали, остров со мнозинско хинду население, одби да биде домаќин на израелската репрезентација.
„Со оглед на моменталните околности, решивме да и ја одземеме на Индонезија можноста да биде домаќин на Светското првенство за играчи до 20 години. Новиот домаќин ќе биде одреден во најбрз можен рок, додека термините на првенството остануваат непроменети. Подоцна ќе бидат утврдени и можните санкции против Индонезија“, објави ФИФА.