Во исчекување на казните за дебито меѓу Вардар 1961 и Пелистер кое беше прекинато после нецели 17. минути игра при резултат 6-6, по влетување на „Комитите“ на теренот од таборот на битолчани го објавија известување до натпреварувачка комисија на РФМ.
„Во интерес на транспарентноста на процесот поврзан со последниот натпревар и немилите настани кои се случија на натпреварот помеѓу РК Вардар 1961 и РК Еурофарм Пелистер, во прилог го доставуваме одговорот на нашиот клуб кон барањето за изјаснување од наша страна на изјавата на службените лица“, велат од Пелистер.