После Русија, УЕФА може да суспендира уште една репрезентација!

812

Пред шест дена почнаа квалификациите за Европското првенство во Германија. Поради суспензијата од УЕФА и ФИФА, во квалификациите ја нема Русија, а раководството на европскиот фудбал ја разгледува можноста да суспендира уште една селекција.

Тоа е репрезентацијата на Белорусија која е сместена во групата И заедно со селекциите на Швајцарија, Романија, Косово, Андора и Израел.

УЕФА ќе ја донесе конечната на следниот состанок на Извршниот комитет кој ќе се одржи на 4 април.

Се разговара за исклучувањето на Белорусија од квалификациите бидејќи Белорусија е сојузник на Русија, земја која веќе е суспендирана од УЕФА и ФИФА.

Доколку Белорусија биде суспендирана, ќе бидат избришани победите на Швајцарија и Романија против оваа селекција, како да не се одиграле натпреварите.

Швајцарците ги победија во Минск со 0:5 во првото коло, додека Романците ги совладаа синоќа во Букурешт со 2:1.

„УЕФА долго време има намера да разговара за ситуацијата во Белорусија на следниот состанок на нашиот Извршен комитет“, изјави Александар Чеферин, претседател на УЕФА.

ПретходноАнтиќ најави: Македонската лига ќе добие генерален спонзор, а клубовите олеснување!
СледноАлекс Фергусон и Арсен Венгер примени во Куќата на славните