Родри бесен: Начинот на игра на Шкотска е глупав, тоа не е фудбал

217

Халфот на Манчестер Сити, кој беше дел од шпанскиот национален тим на гостувањето во Шкотска го коментираше начинот на игра на противникот. Шкотска ја победи „Фуријата“ со 2:0 со два гола на Скот Мектоминеј. Тоа е првиот пораз на Шпанија во европски квалификации по 2014 година. Според Родри, селекторот Де ла Фуенте направи многу добри работи, но домаќините не му дозволиле да игра фудбал.
Направивме многу добри работи за да победиме. Но, примивме многу лесни голови и во фудбалот кога го правиш тогаш ќе те казнат.
Ова е нивниот начин на игра, според мене малку глуп. Постојано го одложуваат времето, провоцираат, лежат на тревата. За мене тоа не е фудбал. Судијата требаше да преземе нешто, но не го стори тоа. Ќе го имаме тоа на ум следниот пат и ќе научиме од тоа. Сакаме да се влегуваме во борба, но тука не се работи за борба, туку за губење време.
Направивме многу добри работи, но головите се најважни во фудбалот, а не успеавме да постигнеме гол“, изјави Родри.

ПретходноИ Џојнер си замина – Феникс без странци до крајот на сезоната
СледноЕлмас во посета на поранешниот клуб