Суспензија од ФИФА за спортскиот директор на Тотенхем

164

Спортскиот директор на Тотенхем, Фабио Паратичи нема да може да ги извршува задачите откако Светската фудбалска куќа (ФИФА) му изрече казна. Во јануари поранешниот директор на Јувентус беше санкциониран од Италијанската фудбалска федерација со забрана за извршување на дејности во период од 30 месеци. Причината е обвинение за финансиски злоупотреби во клубот, поради кои 11 официјални лица добија санкции, а на торинскиот клуб му беа одземени 15 бодови.

Суспензијата беше валидна само на територијата на Италија, па тоа не му пречеше на Паратичи да работи во Тотенхем. Меѓутоа ФИФА ја направи санкцијата валидна за цел свет што значи дека Паратичи нема да може да обавува фудбалска функција ниту во Тотенхем ниту било каде во светот 30 месеци.

Паратичи се грижеше за трансферите во Тотенхем, разговараше со агенти, преговараше за зделки, сега останува тој да обавува само внатрешни дејности, вклучително и да присуствува на состаноци. ТОј ќе има право да учествува во преговорите и изборот на нов менаџер на клубот, прашање кое се уште е отворено.

ПретходноИ Унгарија пресилна за фудбалерките до 17 години
СледноБутел Скопје го урна Пролет во второто полувреме!