Екс-селекторот на Шпанија, Луис Енрике е во комбинација да го замени Антонио Конте на клупата на Тотенхем следната сезона. Англиски „TalkSport“ објави дека Шпанецот е еден од тројцата најсериозни кандидати за менаџерското место, заедно со екс-тренерот на Баерн (М) Јулијан Нагелсман и поранешниот предводник на Тотенхем, Маурисио Покетино.
Сепак, и покрај тоа што е заинтересиран за преселба во Англија, поранешниот шеф на Барса, Рома и Селта Виго сè уште не сака да го направи првиот чекор.
„Би сакал да одам во Англија да работам, но не се гледам себеси во Премиер лигата овој јули“, изјавил Енрике.
„Би сакал да одам во тим со кој може да се направат важни работи и тоа е многу тешко. Не би отишол само така во Премиер лигата. Имав понуди од репрезентации, но не и од клубови. Ќе мора да биде многу важен тим за да го преземам“, потврдил Енрике. Како кандидат се споменува и Роберто Де Зерби, но се чини дека тој ќе има најмалку шанси во конкуренција со тројцата споменати.