Хари Кејн конечно во голем трансфер?

1012

Хари Кејн конечно би можел да го напушти Тотенхем, а како нов клуб на англискиот напаѓач се споменува Манчестер Јунајтед. „Мирор“ пишува дека „црвените ѓаволи“ подготвиле понуда од 80 милиони фунти за овој фудбалер и се надеваат дека ќе биде доволна за комплетирање на трансферот.

На Јунајтед му треба врвен напаѓач. Со нив се поврзуваа неколку имиња, но тие наводно сега тргнале по Кејн и ќе се обидат да го доведат во своите редови.

Менаџерот на тимот Ерик тен Хаг го направи Кејн главна цел за летниот преоден рок. Шефовите се подготвени да му ја исполнат желбата и понудата ќе оди кај Спарс.

Кејн постигна 271 гол за Спарс на 425 натпревари. Претходно тој замина на бројни позајмици, па играше за Лејтон Ориент, Милвол, Норич и Лестер.

 

ПретходноНаправен е првиот чекор за кам-бекот на Меси во Барселона!
СледноКари незапирлив, Томпсон до рекорд во победата против Њу Орлеанс (ВИДЕО)